Осигурителниот пазар во Македонија бележи напредок. Го карактеризираат стабилност и раст. Друштвата се солвентни, а капиталот од 1,1 милион евра е четирипати над нивото на маргината. Ова беше оценето на вчерашната конференција по повод одбележувањето на Денот на осигурувањето - 1 Ноември. Полисираната бруто-премија има позитивна стапка на раст од 6 отсто, при што во делот на неживотното е 4 отсто, додека во осигурувањето на живот растот е 25 проценти. Тоа укажува дека осигурителната индустрија во Македонија бележи еден динамичен развој. Имаме силно присуство на странски инвестиции, од 15 друштва за осигурување, дури 14 се дел од осигурителни европски групации и тоа укажува дека странските инвеститори гледаат голем потенцијал во осигурителната индустрија во Република Македонија.
Осигурителниот пазар во Македонија бележи напредок. Го карактеризираат стабилност и раст. Друштвата се солвентни, а капиталот од 1,1 милион евра е четирипати над нивото на маргината. Ова беше оценето на вчерашната конференција по повод одбележувањето на Денот на осигурувањето - 1 Ноември.
Претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Kлиме Попоски истакна дека полисираната бруто-премија има позитивна стапка на раст од 6 отсто, при што во делот на неживотното е 4 отсто, додека во осигурувањето на живот растот е 25 проценти.
- Тоа укажува дека осигурителната индустрија во Македонија бележи еден динамичен развој. Имаме силно присуство на странски инвестиции, од 15 друштва за осигурување, дури 14 се дел од осигурителни европски групации и тоа укажува дека странските инвеститори гледаат голем потенцијал во осигурителната индустрија во Република Македонија - истакна Попоски.
Посочувајќи дека има двоцифрен раст на животното осигурување, рече дека е важно да се има поголема понуда на производи и оти со тоа ќе се креира и побарувачката.
И натаму доминантно е осигурувањето од автоодговорност, но, како што рече Попоски, радува што последните три години се забележува пораст на доброволните класи на осигурување, особено кај имотното и осигурувањето од незгода.
- Автоодговорноста учествува со 45 отсто во вкупниот пазар иако пред три години тоа учество беше преку 50 отсто, што значи дека с` повеќе паѓа на сметка на т.н. доброволни форми на осигурување - рече Попоски и додаде дека во делот на имотното осигурување расте свеста кај населението и за разлика од минатата година има пораст од 8 отсто.
Она што очекуваат да се развива во иднина с` повеќе е земјоделското осигурување, имајќи предвид дека е во завршна фаза проектот поддржан од Светска банка и од Владата на РМ со формирање на реосигурителна компанија „Европа-Ре“.
Развој се очекува и во делот на приватното здравствено осигурување. Kако што рече Попоски заклучно со крајот на октомври сите друштва за осигурување добија дозвола да работат во класата на здравствено осигурување, а имајќи предвид дека е донесен Законот за доброволното здравствено осигурување се очекува во иднина да има голем потенцијал за развој.